55 проценти кофинансирање за млад земјоделец
На располагање се 6,3 милиони денари, а финансиската поддршка се плаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции во висина од 50 проценти од прифатените трошоци.

До 1.800.000 за системи за наводнување капка по капка и до 364.000 денари за копање на бунари и други зафати на вода можат да добијат земјоделците доколку се јават на огласот на платежната агенција.
На располагање се 6,3 милиони денари, а финансиската поддршка се плаќа по принцип на кофинансирање на завршени и исплатени инвестиции во висина од 50 проценти од прифатените трошоци.
Процентот може да се зголемува до 55 ако станува збор за млад земјоделец, односно од 60 до 75 отсто ако се работи за неразвиени рурални заедници.
Земјоделците не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред потпишување на договорот со Агенцијата.
Крајниот рок за доставување на барањата е до 27 јануари 2022 година.
Методија Трајков
