Намалување на бројот на новоинфицирани од Ковид-19
Бројот на оздравени е висок и изнесува 7.170 пациенти, но висок е и бројот на починати.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во изминативе 24 часа, 711 заболени од Ковид-19. Над 500 во Скопје. Од кои 84 се реинфекции.
22 проценти од направените, речиси 3.200 тестирања биле со позитивен резултат. Бројот на оздравени е висок и изнесува 7.170 пациенти, но висок е и бројот на починати. 26 луѓе ја загубиле битката со Ковид-19. Од нив, 22-ца починале во последново деноноќие, најмладиот е од Кратово на возраст од 29 години, а дополнително, во регистарот на починати се внесени уште четворица, на 26-ти и 27-ми јануари.
Од починатите, 14 биле целосно вакцинирани, но сите имале и коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 268.901.
Бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409. Во моментов во земјава има 13.628 активни случаи.
