На армискиот полигон „Криволак“ ќе се изведува „Македонски блесок - 10“

03.04.2014 09:53

Од 5 - 12 април годинава на армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ ќе се изведува теренската вежба „Македонски блесок - 10“.
 
За вежбата денеска во Министерството за одбрана ќе информираат командантот на Здружената оперативна команда (ЗОК) на АРМ генерал-мајор Методија Величковски, директорот на вежбата, портпаролот на ГШ на АРМ, и дел од клучниот персонал од ГШ на АРМ и ЗОК, вклучен во процесот на планирање и подготовка.
 
На „Македонски блесок - 10“ ќе се изврши завршното оценување на средната пешадиска баталјонска група и лесната маневарска болница (НАТО оценување - Ниво 2), согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, а носител за реализација на вежбата е ЗОК.