Второто полугодие продолжува со задолжително носење на маски
Министерот за образование Шаќири без конкретни информации за тоа колку наставници и деца се болни од Ковид-19, но вели дека според комуникацијата што ја имаш со директорите на школите не станува збор за голема бројка.

Почна второто полугодие за основните и средните училишта. По кратко одложување на зимскиот распуст учениците се вратија во училишните клупи. Наставата ќе продолжи со задолжително носење маски. Децата среќни, повторно ги видоа своите другарчиња а родителите со поделени мислења.
Министерот за образование Шаќири без конкретни информации за тоа колку наставници и деца се болни од Ковид-19, но вели дека според комуникацијата што ја имаш со директорите на школите не станува збор за голема бројка. Апелираше да се почитуваат мерките.
Министерот очекува денеска или на некоја од наредните седници комисијата за заразни болести да има одлука и околу тоа дали би се правел повторно скрининг во училиштата, како и за носењето маски додека децата се во училиште.
Ана Ј. Тодоровска
