Собраниска расправа

Јолевски: Судовите изрекуваат благи казни, а не обвинителите

01.02.2022 14:55

Пратениците од опозицијата наведувајќи ги последните човечки жртви од сообраќајните незгоди критикуваа дека обвинителите се солидаризираат со колегите особено кога стигнуваат преставки за нив.

Тешките дела против безбедноста во сообраќајот во фокусот и на расправата на Собраниската комисија за извештаите за работата на Советот на јавни обвинители и обвинителствата во државата. Пратениците од опозицијата наведувајќи ги последните човечки жртви од сообраќајните незгоди критикуваа дека обвинителите се солидаризираат со колегите особено кога стигнуваат преставки за нив.

Пратеникот Милошоски посочувајќи пример во кој настрадал полицаец при вршење на должноста, обвини дека го заштитуваат обвинителот кој не се пожалил на одлуката на судот што му изрекол казна затвор од една година на сторителот.

Претседателот на советот Јолевски возврати судовите изрекуваат благи казни и тие ја креираат казнената политика, а не обвинителите.

Пратениците со низа забелешки во однос на непостапувањето по преставките кои стигнале до обвинителите.

Најмногу преставки пристигнале до скопското обвинителство, а вкупно биле над 170. Од советот со аларм – обвинители нема ни за лек. Недостигаат дури 60 и за нормална работа ќе мора да се преземат мерки.

Фиљана Кока