Македонија

Морачанин: Бараме една изборна единица и отворени листи

01.02.2022 15:13

ДОМ е еден од предлагачите на овој закон во кој се запишани долгогодишните заложби на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ, ДОМ, ТДП и Српската странка во Македонија на средба за предлог законот за една изборна единица. Сите четири партии заклучиле дека предлогот поднесен во март лани е добар и корисен и затоа треба што поскоро да се дискутира на Комисијата за политички систем.

ДОМ е еден од предлагачите на овој закон во кој се запишани долгогодишните заложби на партијата, рече претседателката Морачанин непосредно по завршувањето на партиската средба. Рече оти се надева дека наскоро ќе почне да се дискутира и за законот за отворени листи, кој го поднеле во април минатата година.

Иако на средбата било разговарано исклучиво за предлогот за една изборна единица, сепак, Морачанин рече дека го поддржуваат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на пржинската влада, зашто, како што рече таа, тоа било нефункционално решение, особено откако институциите покажале дека имаат капацитет да спроведат фер и демократски избори во кои сите ќе имаат доверба.

Катерина Топалова