Македонија

Комисијата за заразни болести доби нови членови, со неа ќе раководи Александар Петличковски

01.02.2022 15:24

Во составот на надградената Комисија влегуваат и токсикологот Нико Беќаровски и Злате Мехмедовиќ од Интерните клиники кој ќе биде воедно и портпарол на Комисијата.

Комисијата за заразни болести доби нов претседател. Директорот на институтот за имунологија Александар Петличковски ќе раководи со ова тело. Доаѓа на местото на епидемиологот Жарко Караџовски. Во составот на надградената Комисија влегуваат и токсикологот Нико Беќаровски и Злате Мехмедовиќ од интерните клиники кој ќе биде воедно и портпарол на Комисијата.

Второто полугодие ќе тече со физичко присуство, со примена на строги протоколи, проветрување и изолација на симптоматските пациенти со цел да не се наштети на психофизичкиот развој на децата. Ќе има и скрининг во основите и средни училишта.

Од комисијата апелираат граѓаните да не се опуштаат, затоа што иако Омикрон варијантата е полесна сепак предизвикува компликации, посебно кај невакцинираните граѓани.

Вакцините и натаму, велат лекарите се најдобрата заштита од болеста и апелираат до граѓаните да примат трета-бустер доза.

Анита Д. Велковска