100.000 чипирани домашни миленици
Последниот случај на беснило кај луѓе во земјава бил регистриран во 1976 година.

Беснилото, е опасна болест и за животните и за луѓето, но кај нас според надлежните институции ја нема од пред девет години.
Последниот случај на беснило кај луѓе во земјава бил регистриран во 1976 година, а на заболено домашно милениче, мачка во радовишко, и кај дивите животни, волк во околината на Кочани во 2012 година.
Во земјава се чипирани повеќе од 100.000 домашни миленици од кои најголем дел се кучиња, а преку 60 проценти од чипираните миленици редовно се вакцинирани секоја година.
Проблем, велат од Агенцијата за ветеринарство, се овчарските и ловечките кучиња во руралните средини кои најчесто не се вакцинирани поради недоволна информираност или едукација на сопствениците.
Методија Трајков
