ДИК ќе го утврди редоследот на гласачкото ливче за парламентарните избори
ДИК ги утврди 14-те кандидатски листи за третите предвремени парламентарни избори. Листи поднесоа пет коалиции и девет партии...

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе го утврдува редоследот на гласачкото ливче за престојните парламентарни избори што ќе се одржат на 27-ми април.
Во изборната единица каде нема да има свој претставник, соодветниот број на подносителот на листата ќе биде изоставен, а на негово место ќе биде напишан редниот број на наредниот носител без оставање празно место.
Листите на кандидати предложени од коалиција предводена од една иста политичка партија, без разлика на бројот на политичките партии во коалицијата во различни општини односно изборни единици, имаат ист реден број во сите општини, односно во сите изборни единици.
ДИК ги утврди 14-те кандидатски листи за третите предвремени парламентарни избори. Листи поднесоа пет коалиции и девет партии.
Меѓу 1.402 –ца кандидати нема ниту еден соработник со тајните служби.
На 9 април ДИК во дневниот печат треба да ги објави утврдените единствени листи на кандидати за пратеници во изборните единици.
