ОМО Илинден: Лага и клевета е дека сме сепаратисти
Ниту една партија ниту Македонец не бил обвинет, ниту осуден за сепаратистички дејства.

Не можеме да не реагираме на неодговорната изјава на претседателот Радев за сепаратистичките најави, реагираат претставниците на ОМО-Илинден Пирин коишто се сретнаа со претседателот Пендаровски.
„Изјавата на Радев е лажна и клевета и како таква штетна за секој човек, а особено за претседател, затоа што срамот паѓа врз сите граѓани. Нашата партија никогаш не промовирала сепаратистички идеи. Ниту една партија ниту Македонец не бил обвинет, ниту осуден за сепаратистички дејства.
Лагата за сепаратизмот се искористува за да се оправда систематската дискриминација врз која се подложени граѓаните на Бугарија со македонска самосвест. Дискриминација која доведе до 14 пресуди против Бугарија на судот за човекови права“, велат од ОМО-Илинден Пирин
