Денеска стартуваат Атанасов и Данов
Во арената денеска влегуваат двајца македонски борачи.На својот старт на Европското првенство во финскиот град Ванта ќе мораат да се фатат во костец со реномирани противници. Горан Атанасов во категоријата до 74 килограми ќе влезе во борба со Кирил Стојчев Терзиев од Бугарија. 30-годишниот Бугарин е освојувач на бронзениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Ништо полесно нема да биде и за Бобан Данов. Во најтешката категорија од 125 килограми ждрепката му го додели Унгарецот Даниел Лигети.

Во арената денеска влегуваат двајца македонски борачи.На својот старт на Европското првенство во финскиот град Ванта ќе мораат да се фатат во костец со реномирани противници. Горан Атанасов во категоријата до 74 килограми ќе влезе во борба со Кирил Стојчев Терзиев од Бугарија. 30-годишниот Бугарин е освојувач на бронзениот медал на Олимписките игри во Пекинг во 2008 година. Ништо полесно нема да биде и за Бобан Данов. Во најтешката категорија од 125 килограми ждрепката му го додели Унгарецот Даниел Лигети. Унгарскиот борач е носител на сребрен медал од Европското првенство во Белград во 2012 и на бронза од Дортмунд во 2011 година.
