Македонија

ОУ „Љубен Лапе “ има бојкот на наставата заради несоодветно однесување на наставничка

02.02.2022 12:09

Ова е долгогодишен проблем на училиштето за кој не се преземаат никакви мерки од страна на надлежните стручни служби.

Бојкот на наставата во Оу „Љубен Лапе“ во Аеродром, родители обвинуваат за несоодветно однесување на наставничка. Велат дека ова е долгогодишен проблем на училиштето за кој не се преземаат никакви мерки од страна на надлежните стручни служби.

Учениците во шестите одделенија во кои предава наставничката се под постојано психичко и емоционално вознемирување, без право на збор, без право да постават прашање, со недостаток на елементарна комуникација меѓу наставник и ученик, изложени на потсмев и постојан притисок и упатени навреди од страна на наставничката, обвинуваат родителите. Директорката на училиштето вели дека се води постапка за случајот.