Уставниот суд го отфрли барањето на Каракамишева
Уставниот судија Кадриу посочи дека во врска со Преспанската спогодба и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица.

Уставниот суд го отфрли барањето за заштита на слободите и правата поднесено од професорката Тања Каракамишева поради тоа што со Договорот од преспа и се повредени правото за забрана од дискриминација и правото на слобода на мисла и изразување.
Уставните судии едногласно го поддржаа предлогот на известителот да не се прифати нејзината иницијатива. Уставниот судија Кадриу посочи дека во врска со Преспанската спогодба и преземените дејствија во сите фази не станува збор за индивидуални дејствија со кои може да бидат повредни индивидуални права на поедини индивидуи, групи граѓани или правни лица.
Клучно е, образложи уставниот судија, тоа што со конечната спогодба со Грција и дејствијата преземени од двете држави до моментот на склучување на спогодба не претставуваат индивидуален акт, и дека спогодбата е општ акт со материја од правна и политичка природа со која се решаваат државни интереси за добробит на сите граѓани и целата држава, согласно што не постојат услови уставниот суд да одлучува по ова барање.
Професорката Каракамишева побара од Уставниот суд да донесе времена мерка со која ќе забрани извршување на сите мерки, задачи и обврски кои произлегуваат од спогодбата до донесување на конечниот акт. Таа исто така реагираше зошто не била повикана во судот како подносител на барањето согласно членот 55 од деловникот, но од судот посочија дека членот се однесува на јавна расправа, а не на седница каква што беше оваа.
Фиљана Кока
