Партиите неможат да се договорат за изборниот законик
Се согласуваат дека се потребни измени, но разликите се во бројот на изборните единици.

ВМРО-ДПМНЕ на разговорите со движењето Беса се консултирале за законските измени во изборниот законик за промена на изборниот модел, коишто го предложија помалите парламентарни партии во законодавниот дом. Се согласуваат дека се потребни измени, но разликите се во бројот на изборните единици. Во опозициската ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека за демократизација на земјава и посоодветно претставување на сите слоеви во општеството е потребно Македонија да биде единствена изборна единица. За изборниот праг, велат од партијата, може да се дискутира дали да биде еден или два проценти од бројот на излезените гласачи или да биде без цензус.
Движењето беса со став дека за нив е прифатливо земјава да биде поделена на три изборни единици. Тие бие се формирале со преклопување на две изборни единици во една. Сметаат дека така најдобро би се рефлектирала избирачката волја на етничките заедници и правично би биле застапени интересите на граѓаните.
Помалите партии ЛДП, ДОМ Демократскиот сојуз и партиите на помалите етнички заедници во законодавниот дом предложија Македонија да биде единствена изборна единица. Нудат повеќе опции за пропорционалниот модел без или со изборен праг со отворени листи, како и женскиот пол да биде застапен рамноправно на кандидатските листи. Партиите на македонските Албанци пак во неколку наврати потенцираа дека Македонија треба да биде со осум изборни единици како што бара Алијанса за албанците, додека ДУИ го преферира постојниот пропорционален модел со мали модификации.
