Македонија

Уапсен маж осомничен за заканите кон обвинителот Јовески

02.02.2022 14:13

Од истиот испраќач писма со закани по живот во декември лани добила и шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска.

Во Битола е уапсен 56 годишен маж кој пред неколку дена му испрати заканувачко писмо на јавниот обвинител Љубомир Јовески, а подоцна и на обвинителката Вилма Русковска. Во писмото со закани по живот за обвинителот Јовевски, се бараше ослободување од гонење на двајца новинари, Горан Момировски и Драган Милосављевиќ.

Заканите посочени како од терористичка организација која се бори и убива за неправди. Од истиот испраќач писма со закани по живот во декември лани добила и шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција Вилма Рускоска. Обвинителката во изјава кажа дека станувало збор за две писма во кои се барало Зоран и Вице Заеви да бидат осудени, во спротивно ќе била убиена. Во писмото испраќачот напишал дека невини и угледни граѓани се во затвор, а криминалците на слобода.

По добиените закани, државниот обвинител Јовески веднаш возврати- „Ниту една закана, вклучувајќи ја и оваа, по живот, нема да ме поколеба да работам професионално и одговорно во примена на законите.“ Постапката пак која се водеше за двајцата новинари е запрена во декември минатата година, бидејќи е утврдено дека нема место за гонење од страна на обвинителството.

Александра Спировска