политика

Петков: Посетата во Македонија беше задоцнета

02.02.2022 14:23

Изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години, додавајќи дека не можел да чека и да ја одложува посетата за ниту еден ден.

Бугарскиот премиер контра шефот на државата за неговата посета на Македонија. Петков вели таа не била избрзана како што изјави Радев, туку доцнела цели 30 години. Изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години, додавајќи дека не можел да чека и да ја одложува посетата за ниту еден ден.

Бугарскиот премиер вели дека сега ќе има многу сили кои ќе се обидат да го попречат процесот на дијалог меѓу Македонија и Бугарија. Доколку немало такви сили, многу поодамна ќе се изграделе добрососедски односи меѓу двете држави.

„Факт е дека има многу сили на балканот кои не сакаат република северна Македонија да биде дел од ЕУ, а зошто не сакаат, затоа што со нестабилен Балкан во оваа геополитичка ситуација, предност ќе имаат земјите кои според мене не ни сакаат добро. Но, отсега да не се оправдуваме со странски држави, туку да ги засукаме ракавите и да ја завршиме работата“,вели Петков

Според Претседателот Радев, секоја избрзана акција на бугарската влада и каков било прелиминарен позитивен сигнал, може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна.

Милчо Велески