Македонија

Комисијата за европски прашања го усвои Предлог-законот за инспекциски надзор врз животната средина

02.02.2022 14:57

Во извештајот на Европската комисија е нотирано дека имаме слаб капацитет, соработка и координација на ресорните институции.

Предлог-законот за инспекциски надзор врз животната средина пред Комисијата за европски прашања. Ова решение претставува клучен предизвик за постигнување на стандардите, ќе обезбеди повеќе годишно планирање на инспекцискиот надзор, надминување на досегашните проблеми со човечките ресурси образложи министерот Нуредини.

Подетално се уредени и постапките за итни и вонредни надзори, предвидена е поголема соработка меѓу инспекторите на локално и централно ниво.

За опозицијата законското решение е добро, но за соодветни ефекти се потребни пари и за локалните самоуправи. Во општините мора да има посебни сектори за животна средина, вели пратеникот Здравков од ВМРО-ДПМНЕ.

И во извештајот на Европската комисија е нотирано дека имаме слаб капацитет, соработка и координација на ресорните институции. Половина општини во земјава немаат инспектор за животна средина, посочи претседателката на ДОМ Морачанин.

Комисијата за европски прашања го усвои предлог-законот за инспекциски надзор врз животната средина и е даден на понатамошно читање.

Сунчица Николоска