Венизелос и Бан Ки Мун разговарале за Македонија
03.04.2014 10:09
Позициите на Грција се јасни и цврсти и генералниот секретар го цени тоа, изјавил Венизелос по средбата што се одржала на маргините на самитот ЕУ – Африка...

Грчкиот шеф на дипломатијата Евангелос Венизелос и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун разговарале за прашањето за името.
Позициите на Грција се јасни и цврсти и генералниот секретар го цени тоа, изјавил Венизелос по средбата што се одржала на маргините на самитот ЕУ – Африка.
„Со генералниот секретар на ОН кусо разговаравме за две главни прашања кои се однесуваат на нас: кипарското прашање се разбира, но и за иницијатива на Нимиц во врска со прашањето за името. Позициите на Грција се јасни и цврсти, и генералниот секретар го цени тоа“, рече Венизелос.
