Земјоделство

ИПАРД 3 тежи 97 милиони евра

03.02.2022 07:59

Првиот јавен повик од ИПАРД програмата беше објавен во 2017 година.

Од ИПАРД 2, ќе бидат, искористени сите расположливи средства, очекуваат од Министерството за земјоделство. Вкупниот буџет е 60 милиони евра кои безмалку се целосно распределени за инвестиции во македонскиот аграр и производството на храна.

Првиот јавен повик од ИПАРД програмата беше објавен во 2017 година и досега има вкупно 7, со 4.160 пристигнати апликации и 2.094 склучени договори со што се покриваат сите понудени средства, објаснуваат од Агенцијата.

Конечната верзија на ИПАРД 3 треба да биде доставена во Брисел на 15 ноември и да се усвои од Европската комисија во декември или пред крајот на годинава. Користењето на парите ќе почне со првите јавни повици кон средината на 2022, а последните исплати ќе може да се реализираат до 2030 година. Вредноста на ИПАРД 3 е 97 милиони евра за период од 7 години.

Методија Трајков