политика

Ковачевски во дводневна работна посета на Брисел

03.02.2022 09:07

Во Брисел имаше средба со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, при што биле разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици.

Премиерот Ковачевски денеска е во прва работна посета на НАТО и ЕУ во Брисел. Во седиштето на алијансата во Брисел имаше средба со генералниот секретар на НАТО Столтенберг, при што биле разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици.

Попладнево Ковачевски ќе има средба со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европскиот парламент Роберта Метсола.