политика

ВМРО-ДПМНЕ:Во Влада, во затворен простор не носат маски, Ковачевски треба да понесе одговорност за кршење протоколи и прописи

03.02.2022 09:16

Ковачевски треба да биде пример и оттука одговорноста кај него е многу поголема од било кој друг граѓанин.

Владата на Ковачевски ги крши здравствените протоколи и го загрозува здравјето и животот на граѓаните. Во влада не се носат маски, иако тоа е пропишано за секој граѓанин и за секој затворен простор. Лицемерите од СДСМ се водат по правилото слушај ме што зборам, а не ме гледај што правам.

Таму кај што застана Заев со прекршувањето на закони, прописи и ограничувања, продолжи пиунот Ковачевски. Ковачевски треба да биде пример и оттука одговорноста кај него е многу поголема од било кој друг граѓанин.

Бидејќи Ковачевски крши закони и правила и загрозува здравје на граѓани сред пандемија, очекуваме Државниот здравствен инспекторат да му поднесе кривична пријава, велат од ВМРО-ДПМНЕ.