Бајден и Макрон: Координирана акција против Русија
Во тек се подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина.

Американскиот и францускиот претседател Бајден и Макрон координирано ќе одговорат на руското воено присуство на украинската граница.
Макрон претходно не ја исклучи можноста да ја посети Русија за да се најде дипломатско решение за кризата, двајцата лидери ја потврдија поддршката за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
Во тек се подготовки за воведување брзи и остри економски санкции кон Русија во случај на натамошна окупација на Украина.
Западот ја обвини Москва дека собрала десетици илјади војници во близина на украинската граница за можна инвазија. Русија одговара дека нема намера да ја нападне Украина, туку дека само е загрижена за својата безбедност.
