Ковид-19
Европа полека се збогува со ковид-мерките
03.02.2022 09:48
Светската здравствена организација предупреди да не се избрзува со укинување на мерките.

Иако бројот на заразени со коронавирус постојано расте, многу земји, меѓу кои Данска, Грција, Велика Британија, Ирска, Шведска и Финска, целосно ги укинуваат или минимизираат мерките воведени со цел да се спречи ширењето на вирусот.
Главна причина за тоа е што нема зголемување на бројот на хоспитализирани. Светската здравствена организација предупреди да не се избрзува со укинување на мерките и доколку земјите се одлучат на такво нешто да се водат од сопствените услови, а не да го следат примерот на други земји.
