Македонија

Рашковски и Вељаноски излегуваат од притвор

03.02.2022 11:42

Сепак им се определени мерки на претпазливост – одземање на пасошите и обврска да се јавуваат во судот.

Апелацискиот суд ги прифати гаранциите и ги укина домашните притвори за поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски и екс-претседателот на собранието Трајко Вељаноски. Рашковски понудил 193 илјади евра а Вељаноски 210 за да се бранат од слобода. Сепак им се определени мерки на претпазливост – одземање на пасошите и обврска да се јавуваат во судот.

Рашковски е обвинет во случај за незаконска набавка на софтвер, додека на Вељаноски му се суди во случај познат во јавноста како „Организатори на 27 април“.