свет

17 лица починаа од смртоносен кокаин во Аргентина

03.02.2022 12:50

Безбедносните сили во Буенос Аирес уапсиле лица осомничени за продажба на дрога, откако биле утврдени првите смртни случаи.

Најмалку 17 лица починаа во Аргентина, десетици се хоспитализирани откако конзумирале кокаин за кој постои сомневање дека содржи отровна супстанца.

Безбедносните сили во Буенос Аирес уапсиле лица осомничени за продажба на дрога, откако биле утврдени првите смртни случаи.

Локалните медиуми објавија дека нарко-бандите најверојатно мешале кокаин со токсична супстанција со цел да ги намалат трошоците во конфликтот со ривалските криминални групи.