свет
Најмалку 13 лица загинаа во антитерористички напад во Сирија
03.02.2022 13:02
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на сириски извори објави дека операцијата била насочена кон еден од водечките џихадисти.

Американските специјални сили извршија антитерористички напад во северозападниот дел на Сирија, во близина на турската граница, кој е под контрола на опозицијата.
Мисијата била успешна и нема американски жртви. Спасувачката служба „бели шлемови“ соопшти дека биле убиени најмалку 13 лица во градот Атме, меѓу кои шест деца и четири жени.
Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на сириски извори објави дека операцијата била насочена кон еден од водечките џихадисти.
