Македонија

Спасовски: Наскоро ке биде заокружена финансиската конструкција за „Безбеден град“

03.02.2022 13:57

Проектот е американска донација вредна повеќе од милион долари.

Финансиската конструкција за системот „Сејф сити“ наскоро ќе заврши. Министерот Спасовски информира дека станува збор за проект кој покрај јавната безбедност ќе го контролира и сообраќајот. За негова реализација се потребни многу пари, но министерот е оптимист дека ќе се обезбедат.

„МВР го заокружи и проектот – Мобилен систем за снимање со камери поставени на полициските службеници кои го контролираат сообраќајот. Опфаќа 593 уреди со помош на кои полесно се документираат прекршоците и се подигнува квалитетот на полициското постапување. Проектот е американска донација вредна повеќе од милион долари“, изјави Оливер Спасовски.

„Употребата на мобилните камери има позитивен ефект на односот меѓу сообраќајната полиција и граѓаните кои беа сопирани за сообраќајни прекршоци. Бројот на поднесени жалби против полициски службеници е значително намален. Спроведената електронска анкета од 2021 година покажа повисоко ниво на задоволство и кај двете страни – и кај полициските службеници и кај граѓаните“, изјави Ерик Мајер.

Од МВР информираат дека за 4 пати е зголемен бројот на контроли во сообраќајот, а казни се изречени по сите основи. За среќа има и пад на бројот на жртви. Од 198 колку што се евидентирани во 2013-тата, лани на патиштата низ земјава загинале 11 луѓе.

Анита Д. Велковска