Нема консензус за една изборна единица
Ваков заклучок следува по последната средба на ВМРО-ДПМНЕ со помалите партии.

Тешко ќе се постигне посакуваниот консензус за измени во Изборниот законик, со цел Македонија да стане една изборна единица, а отворањето на Уставот за да се намали бројот на пратеници. Ваков заклучок следува по последната средба на ВМРО-ДПМНЕ со помалите партии. Со Алијанса разговарале исклучиво за тоа дека спикерот Џафери треба да дозволи да се отвори расправа.
ВМРО-ДПМНЕ деновиве одржа средби со пратениците од помалите партии и им даде поддршка на барањето за една изборна единица, а од вчера почна средби и со албанските партии, при што прва беше БЕСА. Алијанса за Албанците и ДУИ не се согласуваат со предлогот, односно Алијанса бара да има осум изборни единици, а ДУИ посакува три.
Во Македонија со години се дискутира за нов изборен модел – мнозински или пропорционален, со отворени или затворени листи, со или без изборен праг, со една, шест или 120 изборни единици, начинот на броење на гласовите, но досега немаше консензус.
Катерина Топалова
