Македонија

Фалсификувани банкноти во оптек

03.02.2022 15:32

Фалсификатот е изработен на обична двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите.

Народна банка ги информира граѓаните дека е забележана појава на фалсификувани банкноти од 2 000 денари за што е известено и МВР за да се заштитат граѓаните и правните лица народна банка укажува на кој начин може лесно да се провери дали станува збор за фалсификат банкнота.

Фалсификатот е изработен на обична двослојна хартија којашто при допир значително се разликува во дебелината, цврстината и еластичноста во однос на оригиналната хартија на која се изработуваат банкнотите.

Фалсификуваната банкнота се разликува во основниот заштитен елемент отпечатен со оптички варијабилна боја во средишниот дел на предната страна. Кај фалсификатот не се менува воопшто бојата на овој елемент. Исто така и заштитниот конец е имитиран. Доколку граѓаните забележат фалсификувана банкнота веднаш да се обратат до МВР или до некоја банките, се вели во соопштението на народна банка.