Земјоделство

70 проценти штети од град и од мраз

04.02.2022 07:57

За земјоделците градот и мразот станаа најголеми опасности за производството па заради тоа се повеќе вложуваат во осигурување од овие ризици.

Климатските промени со зачестени мразови и град, штети и намалени приноси, ги натераа земјоделците да ги менуваат навиките и почесто да го осигуруваат родот. За првите 6 месеци вредноста на купените полиси е зголемена за 20 проценти, велат од осигурителните компании.

За земјоделците градот и мразот станаа најголеми опасности за производството па заради тоа се повеќе вложуваат во осигурување од овие ризици.

Годинава повеќе од 70 проценти од вредноста на сите исплатени штети во земјоделството се последици на ваквите природни непогоди. Вредноста на купени полиси кои осигуруваат од град и мраз достигна пет милиони евра или 26 отсто повеќе од истиот период лани,

Во првата половина оваа година за загубите настанати од временските непогоди, од осигурителни компании земјоделците добиле вкупно 162 милиони денари.

Методија Трајков