Втор голем земјотрес во Чиле

03.04.2014 10:26

По вториот потрес цунами бранови од околу еден метар го погодија крабрежјето, по што тревогата од опасност во Чиле и во Перу е откажана.

Земјотрес со интензитет од 7,8 степени по Рихтер го погоди чиле, втор по вчерашниот, во кој шестмина го загубија животот.
 
По вториот потрес цунами бранови од околу еден метар го погодија крабрежјето, по што тревогата од опасност во Чиле и во Перу е откажана. 
 
Илјадници луѓе ги напуштија домовите. Нема податоци за повредени.
 
Евакуирана беше и претседателката Мишел Бачелет која дојде на проценка на штетите од првиот земјотрес.