Здружението на историчарите загрижени поради заедничкото чествување на Македонија и Бугарија, на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев
Делчев бил еден од главните идеолози на Македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто се борел и стремел за создавање независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија.

Од Здружението на историчари револт и загриженост поради заедничкото чествување на Македонија и Бугарија, на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
Делчев бил еден од главните идеолози на Македонската револуционерна борба од крајот на 19 и почетокот на 20 век, којшто се борел и стремел за создавање независна македонска држава, и не постои ниту еден единствен документ дека некогаш се залагал за обединување на Македонија кон Бугарија.
Дали со политичка одлука за заедничко чествување на Гоце Делчев, македонската и бугарската страна се водат според некој нов договор за којшто јавноста сè уште не е известена, прашуваат историчарите.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, во собранието ќе поднесе декларација, која ќе ги исцрта позициите по прашањето за македонскиот револуционер.
