Ковид-19

СЗО: На повидок крајот на пандемијата за Европа

04.02.2022 09:50

Високите стапки на вакцинација, промената на сезоната, имунитетот создаден од инфекции и поблагата варијанта Омикрон се фактори коишто подобрување на состојбата.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге смирува – на повидок крајот на пандемијата за Европа. Високите стапки на вакцинација, промената на сезоната, имунитетот создаден од инфекции и поблагата варијанта Омикрон се фактори коишто, според него, ветуваат подобрување на состојбата.

Тој предупреди дека оптимистичкото сценарио ќе биде точно само ако земјите продолжат со кампањите за имунизација и го засилат надзорот за откривање нови варијанти.