свет
Дваесетина починаа од отровен кокаин во Аргентина
04.02.2022 10:05
Полицијата прави напори да го повлече од улиците.

Најмалку 20 лица починаа, 84 се хоспитализирани во Аргентина од кокаин кој содржи отровна материја. Полицијата прави напори да го повлече од улиците.
Жртвите се претежно млади Аргентинци од сиромашните квартови околу главниот град Буенос Аирес. Полицијата соопшти дека запленила 15.000 мали пакувања со токсични лекови и уапсила седум лица.
