Македонија
Претседателот Пендаровски положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ по повод 150-годишнината од неговото раѓање
04.02.2022 11:13
Во рамки на одбележувањето на јубилејот, делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје и на споменикот на Гоце Делчев на Плоштадот „Македонија“ во Скопје.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, денеска положи цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“.