Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ категоричен: Нема отстапки за идентитетот и јазикот
ВМРО-ДПМНЕ декларацијата ќе ја достави и до Владата, МАНУ, Институтот за национална историја и до музејот на револуционерната борба.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието со декларација за Гоце Делчев, а партиска делегација, предводена од лидерот Мицкоски, во црквата Свети Спас се поклони пред споменикот на македонскиот револуционер и деец. Со неговата идеја за независна Македонија, во срцето на Балканот, не задолжил нас Македонците да ја чуваме, негуваме и развиваме државата.
Очекуваме безусловна поддршка на декларацијата од сите парламентарни и вонпарламентарни партии и од оние кои велат дека се борат за македонскиот идентитет, со цел зацврстување на ликот и делото на Гоце Делчев, вели Мицкоски.
Нагласи дека нема ништо против заедничко чествување, но само ако Делчев се слави како Македонец. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ категоричен-нема отстапки за идентитетот и јазикот. Побара реципроцитет во однос на вметнувањето на малцинствата во уставите на Македонија и Бугарија.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека единствено преку достојно почитување, прославување и одбележување на дострелите на нашите предци во минатото, можеме дополнително да ги зајакнеме демократските темели на државата и на општеството. Декларацијата се поднесува врз основа на преамбулата која се однесува и на „жртвите и посветеноста на предците во заложбите и борбата за создавање самостојна и суверена држава“, како и на „традицијата на Крушевската Република“.
ВМРО-ДПМНЕ декларацијата ќе ја достави и до Владата, МАНУ, Институтот за национална историја и до музејот на револуционерната борба.
Милчо Велески
