МРТ

Андреа е победник на Националниот избор за претставник на Евровизија

04.02.2022 23:00

Андреа со песната Circles ќе патува во Торино, Италија и ќе ја претставува Северна Македонија на Евровизија 2022...

Андреа со песната Circles ќе патува во Торино, Италија и ќе ја претставува Северна Македонија на Евровизија 2022.

Изборот се емитуваше во живо на Македонската Телевизија во специјално издание на Стисни Плеј. За време на емисијата, детално беа прегледани гласовите на стручното интернационално жири во состав Гордон Бонело – Малта, Тали Ешколи – Израел, Натја Мшвенираѕе – Грузија, Феликс Бергсон – Исланд и Давид Церуњан – Ерменија, како што беа детално прегледани и гласовите на онлајн платформата кадешто гласаше македонската јавност.

Според гласовите на жирито првопласирана беше Андреа со Circles, која освои 10 бодови потоа претворени во 12 евровизиски поени. Од публиката Андреа освои 4.300 гласови кои потоа беа претворени во 8 евровизиски поени. Со ова таа освои вкупно 20 евровизиски поени на националниот избор.

Од друга страна, според гласовите на онлајн платформата првопласиран беше Виктор Апостоловски со Superman, кој освои 12.621 гласови претворени во 12 евровизиски поени. Од стручното жири Виктор доби 16 бодови кои беа еднакви на 8 евровизиски поени, со што дојде до изедначување на резултатот помеѓу Андреа и Виктор.

Со оглед на Правилникот за избор на национален претставник и композиција, во случај на изедначување на гласовите предност има мислењето на интернационалното стручно жири, што за Андреа значеше победа.

„Премногу сум возбудена и среќа, не знаете колку сериозно ќе го сфатам ова и нема да ве разочарам“ – изјави Андреа непосредно по прогласувањето.

Песната Circles e дело на Александар Масевски, за продукциско усовршување за истата е предвиден дополнителен буџет од 2.000 евра со цел на Евровизија да и се понуди беспрекорен звук.

Подготовките за Торино почнуваат веднаш.