Северна Кореја
Северна Кореја продолжува со развивање на нуклеарна програма
07.02.2022 09:31
Пјонгјанг минатиот месец забрзано работел на испитување и тестирање нови ракети со краток, а можеби и среден дострел.

Северна Кореја продолжува да развива нуклеарни и балистички програми, како и капацитетот за производство на компоненти за нуклеарни механизми со што ги прекршува резолуциите на Советот за безбедност, се наведува во извештајот на Обединетите нации.
Во резимето се посочува дека Пјонгјанг минатиот месец забрзано работел на испитување и тестирање нови ракети со краток, а можеби и среден дострел. Користени се балистички технологии, технологии за таргетирање, како и цврсти и течни горива.
