свет

Мадагаскар погоден од силно невреме

07.02.2022 09:40

Уништени се голем број домови, а илјадници жители се без електрична енергија.

Најмалку 10 лица загинаа на југоистокот од Мадагаскар во тропското невреме кое предизвика поплави.

Уништени се голем број домови, а илјадници жители се без електрична енергија. Во еден од најтешко погодените градови уништени се речиси 95 проценти од зградите.

Циклонот беше проследен со силен дожд и ветер со брзина до 165 километри на час. Поради невремето се проценува дека 150 илјади луѓе ќе ги напуштат своите домови.