свет
18 лица спасени во езерото Ири
07.02.2022 09:52
До инцидентот дошло откако ледената плоча се одвоила од копното додека луѓето се возеле со моторни санки по замрзнатото езеро.

18 лица кои беа заробени на замрзнатото езеро Ири на островот Катава се спасени откако интервенираа спасувачките служби од Детриот и од Марблхед. Нема повредени.
До инцидентот дошло откако ледената плоча се одвоила од копното додека луѓето се возеле со моторни санки по замрзнатото езеро. Во спасувачката операција беа вклучени и хеликоптери и бродови.
