Макрон на средба со Путин, Олаф Шолц на разговор со Бајден
Дипломатската офанзива на европските лидери е обид да се избегне голем конфликт меѓу Русија и Украина.

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска на средба со рускиот претседател Владимир Путин во Москва, по што заминува за Киев каде што ќе разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Дипломатската офанзива на европските лидери е обид да се избегне голем конфликт меѓу Русија и Украина. Кремљ посетата на Макрон ја оцени како важна, наведувајќи дека Путин ќе му каже како го разбира одговор на Вашингтон на барањата на Русија.
Во меѓувреме германскиот канцелар Олаф Шолц, пак, во прва официјална посета на Вашингтон. Во фокусот на разговорите со американскиот претседател Џо Бајден ќе биде украинската криза. Предвидено е канцеларот Шолц овој месец исто така да замине во дипломатска офанзива, најпрвин во Киев, па ден потоа во Москва.
