Протести во Отава
Вонредна состојба во Отава, градот е парализиран од протестите на камионџиите
07.02.2022 11:57
Протестот, наречен „конвој на слободата“, почна како противење на задолжителното вакцинирање на возачите кои ја минуваат границата со САД, но прерасна во пошироко негодување против мерките за јавно здравје и владата на премиерот Џастин Трудо.

Прогласена вонредна состојба во Отава по 10-дневните протести и блокади од возачите на камиони кои го парализираа градот. Мерките ја одразуваат сериозната закана за безбедноста на граѓаните, изјавата на градоначалникот Џим Вотсон.