Ковид-19

Достигнат е пикот, нема потреба од нови ковид оддели

07.02.2022 12:24

Во Прилеп е достигнат пикот според бројот на заразени, оценуваат од Центарот за јавно здравје. Во наредниов период очекуваат стабилизација.

Прилепската болница не размислува за ново ковид-одделение, освен инфективното, каде, велат, има 7 слободни места. Две простории од модуларната се адаптирани за дневните терапии на заразените.

Ова засега ги исполнува потребите за третманот на ковид-пациентите.

Достигнат е врвот на пикот, оценуваат од Центарот за јавно здравје. Очекуваат стабилизирање на бројот на новозаразени, но, сè уште – се исчекува. По стартот на второто полугодие во училиштата, состојбата е стабилна. Како и во градинките.

Апелот за имунизација останува. Перманентно, има повеќе интерес за третата, отколку за првата доза вакцина.

Елизабета Митреска