Дипломатска офанзива за избегнување на нов конфликт во Украина
Викендов тензиите на украинската граница беа дополнително подигнати по распоредувањето на руски борбени авион во Белорусија.

Европските лидери со силна дипломатска офанзива во обид за мирно решавање на украинската криза. Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Москва на средба со претседателот Путин. Утре ќе патува за Киев на разговори со шефот на украинската држава Зеленски. Мора да се намалат тензиите низ дијалог, за избегнување на оружен конфликт, рече Макрон пред посетата. Порача – верува оти разговорот со Путин ќе биде доволен за спречување воен конфликт и покрај песимизмот кај западот. Кремељ посетата на Макрон ја оцени како исклучително важна.
„Фактот што Франција во моментот претседава со Европската унија, посетата на Макрон е многу важна. Но, ситуацијата е премногу комплицирана за да се очекуваат одлучувачки промени од една средба. Макрон веќе му кажа на Путин дека доаѓа со одредени идеи како можни опции за смирување на тензиите во Европа кои ќе ги сподели со Путин“, вели Димитриј Песков портпарол на Кремљ.
Украинската криза во фокусот на разговорите и меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц со американскиот претседател Џо Бајден. Шолц претходно изрази подготвеност со заеднички напори да се одврати натамошната руска агресија во Украина. За првпат навести засилено германско присуство на НАТО во балтичките земји. Канцеларот е во прва официјална посета на Вашингтон, а месецов е предвидено и тој да отпатува во дипломатска офанзива најпрвин во Киев, па ден потоа во Москва. Пред посетата на Вашингтон
„Имаме конкретни подготовки во ЕУ со постојана координација со САД за евентуално воведување санкции кои ќе бидат далекусежни и многу строги, иако сите наши напори се насочени да не дојде до тоа. Се разбира дека Русија знае за тежината на санкциите, но не претпоставува дека ќе бидат уште посилни. Станува збор за договорени политики меѓу сојузниците во НАТО“, изјави Олаф Шолц канцелар на Германија.
Викендов тензиите на украинската граница беа дополнително подигнати по распоредувањето на руски борбени авион во Белорусија. Веднаш потоа САД испратија дополнителни воени трупи во Полска и во Романија.
Маја Стојанова
