економија
Од полноќ ново поскапување на горивата
07.02.2022 13:44
Причини за зголемувањето на цените на дериватите во просек за 2,54% се растот на референтните цени на светскиот пазар.

Од полноќ бензините и екстралесното масло поскапуваат за 1,5 денар, додека литар дизел со повисока цена за 2 денара. Литар бензин еуросупер бс-95 ќе се продава за 81 денар, а бс-98 за 83 денари. Новата цена на дизелот ќе изнесува 73,50 денари, а на екстралесното масло за домаќинство 73 денари. Поскапува и мазутот, килограм ќе се продава за 46,537денари.
Причини за зголемувањето на цените на дериватите во просек за 2,54% се растот на референтните цени на светскиот пазар, на бензините во просек за 3,6 односно 4% на дизелот и повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
