Ковид-19

Повеќе илјади дози вакцини Фајзер ќе бидат уништени до крајот на месецов поради изминат рок

07.02.2022 13:58

Додека кај населението опаѓа интересот за имунизација, од Министерството за здравство велат дека токму во фокусот им е поголема имунизација на населението.

Од министерството информираат дека на залиха имаат 113.000 вакцини на „Фајзер“ со рок на траење до јуни и 60.000 вакцини од истиот производител со рок на употреба до јули.

Италија ни донира 250.000 вакцини на Фајзер кои треба да пристигнат неделава. Според договорот на Македонија со компанијата Фајзер, од мај до декември во земјава треба да пристигнат 500.000 вакцини.

Вакцинирани со две дози во земјава се 41 насто од граѓаните. 128 илјади лица примиле трета доза од вакцината.

Тим од лекари теренски ги вакцинираат граѓаните во околу 15 старски домови. На вакциналните пунктови преполовен е лекарскиот персонал поради зараза со ковид.

Сојот Омикрон не само што е високозаразен, туку и ризичен. Особено треба да внимаваат граѓаните со коморбидитети велат лекарите.

Александра Спировска