политика

Ковачевски: Не е време за избори фокусот треба да биде справување со здравствената и енергетската криза и развој на економијата

07.02.2022 14:25

Барањето на опозицијата за укинување на пржинската влада вели е легитимно и демократско, но според шефот на Владата, евентуалниот договор треба да биде со консензус на сите парламентарни партии, на ист начин како што беше и донесено законското решение.

Премиерот Ковачевски не е за предвремени парламентарни избори. До редовните во 2024-та, фокусот треба да биде справување со здравствената и енергетската криза и развој на економијата. Барањето на опозицијата за укинување на пржинската влада вели е легитимно и демократско, но според шефот на Владата, евентуалниот договор треба да биде со консензус на сите парламентарни партии, на ист начин како што беше и донесено законското решение.

СДСМ е за една изборна единица. Во тек се консултациите и со коалициските партнери за измените на изборниот законик, кои исто така, треба да се донесат со консензус. Ковачевски смета дека до редовните избори има доволно време да се формираат работните групи и да отвори дебата за да се слушнат партиските ставови, но и мислењата и на експертите.

Измените на законот за Влада, поднесени од ВМРО-ДПМНЕ на пленарка се во четврток. Ставовите различни и за изборниот законик. ДУИ протежира 6, БЕСА три, а Алијанса за Албанците 8 изборни единици. Помалите коалициски партнери на СДСМ бараат една изборна единица и отворени листи. Камен на сопнување е и изборниот праг.

Милчо Велески