Почнуваат 37-те Денови на македонската музика
03.04.2014 10:49
Вечерва во Македонската опера и балет, со концертот „Concertissimo“ на Македонската филхармонија под водство на диригентот од Швајцарија, Томас Херцог, ќе почнат 37-те Денови на македонската музика.

Вечерва во Македонската опера и балет, со концертот „Concertissimo“ на Македонската филхармонија под водство на диригентот од Швајцарија, Томас Херцог, ќе почнат 37-те Денови на македонската музика.
На програмата се четири концертни дела за пијано и оркестар од Александар Џамбазов, Гоце Коларовски, Панде Шахов и Фатос Лумани, во изведба на македонски пијанисти од неколку генерации - Дино Имери, Елена Мисиркова, Хајди Елзесер и Шкељзен Бафтијари.
Годинава ДММ ќе траат до 14 април и ќе опфатат над 70 изведби, избрани од уметничкиот совет на СОКОМ (Сојузот на композиторите на Македонија), кој ја организира манифестацијата.
