Османи на средба со Амбасадорите на земјите членки на ЕУ
Министерот за надворешни работи истакнал дека Северна Македонија демонстрираше посветеност на европската интеграција, реформската агенда и регионалната соработка, создавајќи кредибилност пред своите партнери.

Шефот на дипломатијата на средба со Амбасадорите од земјите членки на ЕУ акредитирани во земјава брифирал дека не отстапуваме од евроинтегративниот пат.
Министерот за надворешни работи истакнал дека Северна Македонија демонстрираше посветеност на европската интеграција, реформската агенда и регионалната соработка, создавајќи кредибилност пред своите партнери.
Османи информирал за преземените активности за подобрување на односите со соседна Бугарија, кое ќе резултира со стабилна и силна меѓусебна доверба и усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите со ЕУ. На средбата со европските амбасадори било разговарано и за вклучување во заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата, особено што земјава 96-процентно ги има усогласено ставовите за надворешната политика на ЕУ.
