Македонија

Усогласување на минималната плата за сите вработени и почитување на колективниот договор

08.02.2022 15:04

Синдикатот на УПОЗ на Македонија бара усогласување на платите со покачувањето на минималната плата. Пример е даден со колективниот договор во прилепската локална самоуправа кој не го прифаќаат дел советници. Ако нема усогласување, синдикалците велат дека ќе ги искористат сите законски права, па макар и тужби

За поздравување е одлуката за покачувањето на минималната плата, но мора да има и усогласување на сите плати. Во спротивно, некој ќе добие покачување, други ништо, велат од синдикатот на УПОЗ каде е најизразена ситуацијата. Прилепската локална самоуправа со потпишување на колективниот договор даде пример како треба да биде, сметаат синдикалците. Прифатија и други локални самоуправи, но дел советници одбиваат да се согласат.

Несфатливо е противењето на советниците, сметаат од синдикатот, зашто непочитувањето на колективниот договор е кривично дело.

Синдикатот на УПОЗ најавува користење на сите законски мерки, па макар и преку тужби.

Платата со високо образование во локалната администрација е 22 000 денари.

Елизабета Митреска